Астровизија

Бети и Александар Јанковиќ


21
Ma
владетел на периодот од 21 март 2015 до 21 март 2016
21.03.2015 22:18

 

 

Јупитер го превзема годишното владеење од Сатурн според халдејската астрологија. Ова значи дека неговото делува ќе ја „обои„ целата година на директен или индиректен начин. некаде ќе се активираат можности некаде потреби од расчистување а некаде аларм дека не сте на добриот пат. Ако подобро се анализираат влијанијата и аспектите на Јупитер низ годината ќе се забелеѝи дека тој директно влијае во 35% од годишните случувања а дури 85% делувањата му се задскриени, делува како мотивација, предизвик. Комбинирајте ги овие две значења„ Јупитер во Девица и Јупитер во Девица и во полињата (тие се сфери на вашиот интерес)

 

Јупитер во знакот на Девица ќе ја прошири љубопитноста, потрагата по нови ментални и духовни предизвици, учење, стекнување нови сознанија и информации. Но можни се и незадоволства поради истото посебно ако настојувањата не се реализираат. Пресметливоста  и калкулативноста зголемени, аналитичките способности исто така но и можноста да се заталка во постојани анализи. На љубовен план се инсистира на апсолутно „ поклопување„ со партнерот, посебно на полето на комуникациите, на интелектуалното посебно на духовното поле Нежноста  потешко се манифестира како и љубовните страсти во врските или бракот

 

 

Кога Јупитер во знакот на Девица опфаќа: 1 поле (или подзнак)     Харизматичност, сигурен настап во комуникациите со другите, што подразбира успешност во деловните и љубовните односи.

При лоши аспекти нетрпеливост, арогантност, брзоплетост, алчност, хазардерство, дебелеење на физички план

 

Кога Јупитер во знакот на Девица ги опфаќа: 2 поле

Практичност, успешност на финансиски план но и силен порив да се троши, да се задолжува или да се активираат финасиските потраќувања. Изразена е и потребата кон независност и лична слобода.

 

Кога Јупитер во знакот на Девица ги опфаќа: 3 поле

Говорнички и комуникативни способниости, среќа во патувањата и многу куси патувања, најчесто во странство. Завидни резултати и успеси во сите занимања и професии каде комуникацијата е основна алатка. Можна пречусвтвителност на мислењето на другите и подложност на истото

 

Кога Јупитер во знакот на Девица ги опфаќа: 4 поле

Способност за тимска работа и делување, одлични организациски способности, стрпливост, посебно со родител, силно изразено чусвтво за дом, семсјтво и тенденции да се создадат или се обратно ако се аспектите лоши

 

Кога Јупитер во знакот на Девица ги опфаќа: 5 поле.

Можности и среќни околности, задоволства низ љубов, деца, финансии, оптимизам и во најтешки ситуации, страсти, романтика. Се спротивно ако се имаат или се создадат тешки аспекти

 

Кога Јупитер во знакот на Девица ги опфаќа: 6 поле

Брз, подвижен ум и мисла, силни тенденции кон успешност, агилност во секојдневните обврски и работата, силно здравје. Превртливост лажливост посегнување кон врски и протекции, лошо здравје ако се аспектите лоши.

 

Кога Јупитер во знакот на Девица ги опфаќа: 7 поле

Друштвеност, популарност, успешност во доносите со партнерот, подобрување на врските и интимните односи, лојалност верност. Критичност, неморалност, конфликтност, индеферентност во сексуалните и љубовните односи.

 

Кога Јупитер во знакот на Девица ги опфаќа: 8 поле

Силно изразена емотивна регенеративност, сексуални пориви, парични добивки поради финансиски спекулации, трансакции, добивка од туѓи средства, пари. Енормно привлекување на негативни енергии од околината, опасности по здравје и прихофизички интегритет,  и се обратно од погоре наведеното ако аспектите се лоши.

 

Кога Јупитер во знакот на Девица ги опфаќа: 9 поле

Метафизика, духовност или барем настојување кон духовна преобразба, успешна комуникација со институции на закон и финансии. Немање самодоверба,  голема и непотребна самокритичност, инертност и проблеми со се што е погоре наведено ако се аспектите неповолни.

 

Кога Јупитер во знакот на Девица ги опфаќа: 10 поле

Голема успешноста на финансиско статусен план, остварувања на желбите, кариера, успешност, реализација, сатисфакција. Блокади, ограничувања промени на статусот, можна смрт на некој близок.

 

Кога Јупитер во знакот на Девица ги опфаќа: 11 поле

Широкоградост, дарежливост, пријателски настроенија и помагање на другите, реализација на плановите, подршка од околината. Започнување на повеќе работи и активности и нивна нереализација, недоволна мотивација

 

Кога Јупитер во знакот на Девица ги опфаќа 12 поле

Духовни откривања, поголеми успеси поради силна интуиција, смиреност, спокојност, привлекување на личности од спротивниот пол. Тајни, недоречености, ограничувања. И се обратно од погоре реченото ако се аспектите лоши

Comments

Create your free website at Beep.com
 
The responsible person for the content of this web site is solely
the webmaster of this website, approachable via this form!