Астровизија

Бети и Александар Јанковиќ


KAKO СЕ СЛАГААТ ЗНАЦИТЕ

Oд Александар Јанковиќ

ОВЕН

Таа  е силна енергична, силна, упорна. Сака брзо и страсно. Ужива во сексот и вообичаено веднаш вие јасно на што сте. Она што го кажува навистина и го мисли. Кај нејзе “НЕ” е навистина не. Поверна од машкиот пандан

Тој е нестрплив и неговиот почеток како совршен кавалер набргу паѓа во вода поради својата настојчивост и тврдоглавост. Сака енергични, силни жени, инаку малтретира, шиканира изведува. Не признава “НЕ” и ќе ве утепа од смеење кога ќе ви рече дека грешите и пропуштате животна прилика. Верноста не му е баш силна страна


ТАА-ТОЈ

ОВЕН - ОВЕН
Еден од нив е секогаш во супериорна позиција, љубовниот живот полетен, динамичен полн со возбудувања, изненадувања. Секогаш се прилично лојални еден кон друг. Одлично партнерство, кое ветува долгорочност

ОВЕН - БИК
Иако може да биде одлична заедница и партнерство, достоинството на бикот секогаш ќе биде погодено од желбата за докажување на Овенот. Повреденото его и суета на Бикот ќе придонесува до чести кавги. А кавга со Бик не е баш умна работа.

ОВЕН - БЛИЗНАЦИ
Благодарение на женското Овен оваа заедница и може да успее. Ниту едниот ниту другиот не поднесуваат многу критики, и покрај жестоките аргументирања. И двајцата наклонети матерјалното и кон материјална сигурност, иако се колнат во другото, оваа заедница може да функционира добро.

ОВЕН - РАК
Многубројни се причините кои ја прават оваа заедница доста проблематична и речиси невозможна. Овенот, односна таа е секогаж посупериорна, подоминантна така што на крајот Ракот ќе и послужи како пачавра*. (*Старински израз за чергиче пред вратата)

ОВЕН - ЛАВ
Топла врска, ако Лавот не аздсува многу по фалби и ласкаwе, а тоа навистина ретко се слуѝува. На Г-ѓицата Овен ќе и импонира ова машко ама тој ќе треба вистински да се испоти и да се потруди за од неа да добие воодушевуваwе и аплауз.

ОВЕН - ДЕВИЦА
Само оваа врска, со ова акомбинација и може да успее. Нејзе секогаш ќе и се допѓа внимателноста и грижата на Девицата, но не и здравиот разум и страшната моќ на перцепција на секој детал и силината на анализата која најѝесто доведува до кавги

ОВЕН - ТЕРЕЗИЈА
Суштината на оваа комбинација секогаш е од еротски или сексуален карактер. Толку различни сепак мораат да се најдат но кусо и да траат. Гопоѓата Овен никога не може да остане рамнодушна на погледите на женските личности кон овој шармер, кој наутро пред огледало прво се шпармира себеси па се останато. Резултат најчесто е - војна.

ОВЕН - СКОРПИЈА
Ова е спој на страст, секс, жестина, повремени идеални мирни периоди, за жал не многу чести. Натпреварувачки дух постои и кај двајцата и тоа силен. Врска која може да успее ако се “преживеат” помладите години. Овенот простува но прељуба никогаш, а машката Скорпија може да се испозанесе понекогаш

ОВЕН - СТРЕЛЕЦ
Ова е веројатно една од најубавите можни врски бидејќи врската освен топли чувства, има многу почитување, лојалност, обожување би се рекло. Помагањето еден на друг е постојано, освен ако немаат поизразени материјалистички тенденции. врска која успева ако се совладаат импулсивноста и непостојаноста.
 
ОВЕН - ЈАРЕЦ
Искрата на огинот што се пали и каменот немаат ништо заедничко освен во навистина чудни комбинации, кремен камен на пример кој дава искра ама тоа значи дека двете ега се апсолвирани, но на таквите типови им е сеедно за согласувања бидејќи се согласуваат со сите  знаците, бидејќи владеат со своите ега. Оваа врска треба да се избегнува што повеќе

ОВЕН - ВОДОЛИЈА
Ова е по малку незгодна врска која сепак може да успее, ако се нема предрасуди но се има добра вилја и секако многу чусвтва. Водолијата е идеен творец и измуслувач на работите а Овенот е реализатор. Ако се нема предрасуди која и чија машка или женска е работата, оваа врска може да успее.

ОВЕН - РИБИ
Едноставноста на гопоѓицата Овен може да ја привлече машката Риби, ама набрзо може да му стане досадно. Овенот сако брзо, страсно, а таков е и во сексот, а Рибите се би да густираат. Од оваа врска Овенот не излегува никогш прв. Затоа останува повреден, навреден и доста унесреќен.

 

 БИК

Таа сака да знае на што е и какви ви се намерите. Одлучна е и држи до тоа што ќе го каже. Не го менува ставот и мислењето, барем не лесно. На помлади години таа е поромантични. Го цени вниманието и кавалерството, а на тој начин добивате дополнителен бонус.  

Тој е простодушен, зима се здраво за готово, освен во материјалните нешта, ако сте му наговестиле секс, нема да ве остави на мира, бидејќи сексот е на второ место на неговите приоритети, но ако сакате само дружба кажете му и нема побезбедно машко од него.

ТАА-ТОЈ

БИК - БИК
Ова е идеална врска и е идеална за знакот на Бик. И обата партнера мразат изненадувања, делат исти инетересни. Повеќе се настојувањата кон телесната отколку кон духовната љубов но и покрај тоа лојални се и искрени еден кон друг. Извонредни во сексот, како родители и како деловни луѓе исклучително успешни

БИК - БЛИЗНАЦИ
Само специфична ситуација може да ја поспеши ова врска инаку никако. Ако гопоѓицата Бик е уметник или се занимава со некоја уметност, Близнакот ќе бида како мажепсан од неа, бидејќи тој ја обожува уметноста. Инаку оваа врска подобро е да се избегнува, што се може повеќе.

БИК - РАК
Овој спој е можен само ако доминантни се материјалната безбедност, домот, а и кај двојцата тоа е вткаено во нивното битие. Еден кон друг се нежни, емотивни. животот им е безгрижен и мирен. Бикот знае да биде понекогаш груб и прост, а Ракот пречувствителен. Тоа им е слаба точка во врската.

БИК - ЛАВ
Можна врска но на физичка, ероткса основа, како постојана заедница многу тешка, со постојани обиди за доминација. Бикот ќе го уважува гордиот и динамичен Лав, но кој ли ќе го уважи Бикот. Најчесто, и покрај заколнувањата, оваа врска пука по сите шавови, поради повредено его и повредена суета.

БИК - ДЕВИЦА
Оваа врска е одлична на сексуален план, бидејќи Бикот ќе ја придвижи нешто заспаната Девица на овој план, а за возврат Бикот ќе добие доста теоретски објаснувања за животот и сексот. Ако тоа на Бикот не и досади врската има шанси.

БИК - ТЕРЕЗИЈА
Гопоѓата Бик очекува од својот партнер лојалност сигурност и материјална обезбеденост. Терезијата ова мо
же да и го пружи, ама лојалноста, малку потешко бидејќи има вродена потреба да им се допадне на сите посебно на спротивниот пол. Ако е така, Терезијата има прилично шанси да види како изгледа љубоморен Бик. Тоа не е убава глетка.

БИК - СКОРПИЈА
Оваа врска е врска на сексуална привлечност и огромна еротска енергија. Кога ќе се сретнат Бик и Скорпија не можат да се одминат еден со друг а да не заискри нешто меѓу нив. Врската може да успее, ако имаат взаемна доверба и почитуваwе. Но, Бикот секогаш ја расипува забавата, со својата љубомора, на што Скорпиајта ѓе одговори двојно повеќе.

БИК - СТРЕЛЕЦ
Ако некоја врска треба да се избегнува тогаш тоа е оваа. Оваа врска е прилично апатична, и досадна. Потребата на Бикот за мир, дом, спокој,  Стрелецот ја третира како пензионерска забава. Иако знае да сака, Стрелецот тешко се фокусира на една личност подолго време. Одлични пријатели, лочи партнери, катастрофални љубовници

БИК - ЈАРЕЦ
Ако се прави рангирање ова е уште една идеална врска помеѓу два сродни знака кои љубовта ќе ја темелат и кон сличните интереси, кон домот, работата, традицијата. Ќе бидат трпеливи, приземни, реални и секако ќе си помагаат еден на друг. Најдобра економска заедница на светот.

БИК - ВОДОЛИЈА
Ова не е баш од најиделаните комбинации, иако на прв момент жената Бик може да биде привлечена од откачената Водолија. Но и тоа одучевување кусо ќе трае. Несериозниот однос на Водолијата кон материјалното Бикот го збунува а покасно и збеснува. Комбинација  на материјата-Бикот и духот-Водолијата се сеуште насочени антагоностички еден кон друг

БИК - РИБИ
Ова може да биде добра врска бидејќи стабилноста на Бикот и неговите материјални обезбедувања може да ја успокои Рибата која може да се научи на приземност и рационалност. Одлични пријатели и љубовници.

БИК - ОВЕН
Само ваквиот однос може да успее кај овие два знака, само ако поубавата половина е родена во знакот на Бик.  Пасивноста на Бикот нема да го иритира Овенот, но ако овој реши да прави нешто вон од својот двор, ќе ја запознае и другата страна на Бикот. Страшната силата на љубоморниот Бик.



БЛИЗНАЦИ

Таа е весела, атрактивна, динамична жена, на која и е потребна интелектуална стимулација, креативност, уметност во нејзиниото опкружување. Сепак на љубовта и приоѓа повеќе формално оттколку суштински. Ниту верноста не е под графата задолжително

Тој,  воглавно, го привелкуваат атракции на љубовен план, што би се рекло телото, атрибутите и изгледот му се од пресудно значење. Ако намислил знае и како да го добие тоа што го наумил. Кога тоа ќе се случи често се покајува.

ТАА-ТОЈ

БЛИЗНАЦИ-БЛИЗНАЦИ
Оваа комбинација никогаш нема да биде пасивна или статична, но има и рок на траење што би се рекло не се гарантира трајност. Како Близнаците секогаш се двајца во едно, комбинацијата четворица на купче може да е навистина перверзно.

БЛИЗНАЦИ-РАК
Ако сакате да ве тешам, оваа врска ќе може да успее со доста напор труд и жртвување. Не знам само кој сето ќе го направи. Ракот може да се обиде, но кога ќе согледа дека Близнакот го менува своето мислење од час во час, од оваа врска ќе останат само непријатни спомени.

БЛИЗНАЦИ-ЛАВ
Речиси идеална комбинација за Близначките, бидејќи нема одговорнсот која тешко и паѓа а таа работа ќе си ја превземе Лавот ич око нема да му трепне. Атрактивната жена Близнаци е секогаш нешто што лавот може со гордост да го покаже и претстави на другите, уште повеќе што има и стас ама и памет и интелегенција некогаш и подобра од својот партнер

БЛИЗНАЦИ-ДЕВИЦА
Се случува и оваа комбинација секако, но тоа е сепак истражување на полето на сексот и еротиката. Овде чувствата, оние духовните, во овој однос, слабо поминуваат, а и двата знака се синоними за перцепција, интелегенција и лрактичност. Па така ако се помислува на нешто потрајно, треба да се избегнува.

БЛИЗНАЦИ-ТЕРЕЗИЈА
Ако на Близначката нечто и одговара тогаш тоа мора да биде шармантниот секогаш стегнат и упицанет маж Терезија, кој освен слаткоречивоста има и завидна интелегенција, а и уметнички наклонетости кои Близнакот напросто ги обожува. Ептен убава комбинација. Во естетска смисла скоро идеална.

БЛИЗНАЦИ-СКОРПИЈА
Ако машкиот Скорпион сака да умре од љубомора, топло му ја препорачувам оваа врска. Тој никогаш не може да го разбере и контролира Близнакот, бидејќи ветре не може да се контролира. Освен минлива сексуална авантура, оваа врска би требало да се избегнува, иако ставата на Близначката секому му паѓа во очи.

БЛИЗНАЦИ-СТРЕЛЕЦ
Спротивностите се привлекуваат и секако ова е сескуално и еротски најнабиена врска, арно ама, природата на двата знака е доста проблематчна во однос на трајноста на врската. Но, и да се разделат ќе си останат пријатели, кои нема да се срамат понекогаш и практично да си ги разменат сексуалните искуства.

БЛИЗНАЦИ-ЈАРЕЦ
Ова е врска, да може, би  требло со закон да се забрани за да не се повредуваат луѓето бадијала. Но, како тоа не е можно, ова е тотално индиферентна врска, во која партнерите не се ценат и почитуваат и која треба да се избегнува по секоја цена. Сепак, и такви врски се можни, но тоа ќе е повеќе некакво кармичко расчистување.

БЛИЗНАЦИ-ВОДОЛИЈА
Можност за екстраординарна врска во која се раѓаат идни генијалци. Логика-Близнак во комбинација со интуитивниот Водолеец е фантастична комбинација која овозможува взаемна ментална стимулација, динамика, и почит. верноста на двата знака е лабава, но не прават големи проблеми дури и да се случи прељуба.

БЛИЗНАЦИ-РИБИ
Оваа комбинација е можна само ако седат на некаква претстава слушајно еден покрај друг и конвенционално учтиво се однесуваат. Воопшто речено ретки се овие спојки на овие два знака. Освен случајно купена карта, можностите да се сретнат се затвор, болница или пусто острово. Во инаков случај си бараат многу невољи и проблеми.

БЛИЗНАЦИ-ОВЕН
За чувствата не се коментира а ако навистина се родат меѓу овие два знака, ова може да биде многу возбудлива и прекрасна врска во која динамичниот овен ќе е инспириран на невидени подвизи и постигнуваwа од својот прекрасен Близнак. И двајцата доста неверни, ќе се пазат од тоа еден со друг.

БЛИЗНАЦИ-БИК
Знам дека постојат вакви комбинации, но гарантирам дека се во малцинство. Едноставно освен на зодијачкиот круг што се еден до друг овие два лика во стварноста скоро и да немаат шанси да функционираат заедно. Ако сепак инсистираат на некому ќе му биде страшно досадно



РАК

Таа е недоверчива, чувствителна, љубопитна но и плашлива по прашање на почетокот на чувствата, одлично мотивирана на материјален план, и се лажете ако мислите дека е слаба. Со оваа жена нема флертуваwе, таа бргу се врзува за оној што го сака,  а од нејзината грижлива љубов ретко кој сака да избега.

Тој е чувствителен и грижлив, извореден домаќин, стармало како дете. Вообичаено ја идеализира љубота, романтичен и издржлив љубовник, ги сака спортот и работата. Ако му се погоди партнерката тој гине за неа. И за мајка си секако.

ТАА-ТОЈ

РАК-РАК
Ова е скоро идеална врска за Ракот и ако се погодат и целите и мотивите да се слични оваа врска може да биде навистина врска за која се разкажуваат легенди. Можеби нема да има динамика и изненадувања, помалку пензионерска, со доста евоцирање спомени ама лојална, искрена и пожртвувана.
 
РАК-ЛАВ
Можеби ќе се изненадите но и оваа врска е речиси идеална. Лојалноста и верноста на Ракот како и неговата внимателност, грижа му импонира на Лавот, а тој пак му возвраќа на тоа со динамичност, постигања и материјална сигурност. Освен ако Ракот не бара влакна во јајцето, и не ја разбуди својата амбициозност како рефлексија на амицииите на Лацвот..
 
РАК-ДЕВИЦА
Има многу за оваа врска и едно против. Ледената природа и рационалност му пречи на чувствителниот, романичниот и сентиментален Рак, кој целото семејство сака да ги вика на гости за празниците, од што пак педантната и самостојна Девица се ужаснува. Само некоја  од можните причини оваа врска да не функционира.

РАК-ТЕРЕЗИЈА
Иако и двата знака носат наубави и најпрефинети нијасни на љубовта и сакањето, не се еден за друг бидејќи се работи за различни појавни облици на една една те иста работа. Мора да се ускладат душевноста, чулноста, сакањето-љубовта и сексот. Малку е прекомплицирано, па таква е и врската.

РАК-СКОРПИЈА
Уште една успешна комбинација која им одговара на двата знака, мирниот лојален и нежен Рак ќе ги смири љубоморбните страсти на Скорпијата, кој ќе го обожува своето Ракче. Убава и идилична врска

РАК-СТРЕЛЕЦ
Оваа врска е идеална, ама за пријателство. Стрелецот ќе му раскажува на Ракот за своите авантури низ светот а Ракот пак ќе му ги доловува убавините на семејното живеење. Но, ниту Ракот сака авантури, освен во приказните, а пак за Стрелецот домот му е целиот свет.

РАК-ЈАРЕЦ
Оваа врска може да успее само во оваа комбинација кога жената е Рак и ако Јарецот е поискусен. Тврдото и помалку нечутвително срце на Јарецот може да го стопли нежниот и грижлив Рак, а Јарецот да го обезбеди матерјално за удобно живеење. Врска која може да ја биде

РАК-ВОДОЛИЈА
Ракот сака една личност додека Водолеецот ги сак сите луѓе на планетата. Во суштина и едното и другото е љубов, а на таа точка и може да дојде до спој на овие две сосема различни природи. Интересно е што можат да се скараат па да се смират, па пак да се скараат и никогаш суштински да не се разделат.

РАК-РИБИ
Би се помислило дека два водени знака одлично ќе функционираат, што е и можно. Проблемот е само што се потребни се првични исклучително силни чувства, како истите би се зацврснале , фиксирале и траеле, бидејќи Рибите имаат тенденција на променливост на чувствата. Врска која лесно може да успее.

РАК-ОВЕН
Тотално промашување како врска, бидејќи се работи за различни интереси на две сосем различни индивидуи. Овие два знака се во латентна кавга во зодијачкиот циркус, па тешко ќе функционираат и како пријатели. Во реалниот живот постои и оваа комбинација, но вреди да се избегнува. Не е од најсреѓните.

РАК-БИК
Ако двата знака сакаат а сакаат спокоен домашен живот без многу возбиувања, со едноличност, ова е идеална комбинација. Малку знае да биде и досадна, но на нив двајца не им пречи. Врска која успева од прва.

РАК-БЛИЗНАЦИ
Ова аврска треба да е одобрена од вишата божја управа, ако се сака таа да функционира. Замислете сега некое место со извор-Рак и благ развигорец-Близнаци. Идната година на истото место пак се е исто и изворот и развигорчето. И така илјада години, меѓу нив ништо не се случува иако се блиску всушност се космички далеку. Каква врска очекувате?



ЛАВ

Таа топла, доминантна со драматични чувства и патетика. Кај неа страстите лесно се претвораат во љубомора, посебно ако не се задоволени. Инаку знае да биде исклучително убава, енергична, но и посесивна, значи опасна.

Тој е смел, храбар, достоинствен роден водач и лидер, никогаш ништо не остава недовршено па ниту во љубовта. Дава доверба но, не простува ако го изневерат. Одличен љубовник, страстен, речиси идеално машко. Маана му е што сака да му се ласка, да се обожува.

ТАА-ТОЈ

ЛАВ-ЛАВ
Кој }е биде газда е основа на оваа врска. Тоа прашање може да се решава и цел еден живот со различити периодични исходи. Тоа значи уништување или самоуништување. Од тие причини овие две силни личности би требало да остана пријатели и ничто повеќе.

ЛАВ-ДЕВИЦА
Малку можности за одржливоста на оваа комбинација, бидејќи на силната Лавица  нема да и одговара постојаното укажување на нејзините грешки и пропусти на што е склон господинот Девица. Во оваа комбинација класичен недостаток е слична мотивација, ставови и цели. Оваа врска тешко функционира.

ЛАВ-ТЕРЕЗИЈА
Малку коплицирана врска бидејќи Лавицата сака она што е нејзино да е насочено само кон нејзе инаку станува бесна љубоморна голема мачка од чие гребење и се “умира”. Но, господинот Терезија може се освен да биде насочен кон една личност, посебно од спротивниот пол. Опасна и по се драматична врска.

ЛАВ-СКОРПИЈА
Тешка врска ме|у две лчинсоти кои се релативно непроменливи, и се работи за класичен судир на его-Лав и страсти-Скорпија, што може да биде погубно за една врска. Оваа комбинација може да функционира само ако е некаков материјален договор во прашање но, и тогаш тешко.

ЛАВ-СТРЕЛЕЦ
Се додека Лавицата му дозволува да си ужива во својата индивидуална слобода, ова може да биде многу успошна врска. Ако се двата знака со најубавите особини на знакот оваа е и идеална всрка. Лавицата е исклучителен организатор, но нема мечта, која Стрелецот ја има во неограничени количества.

ЛАВ-ЈАРЕЦ
Смисолот на оваа врска, иако со различен пол, е само деловно пријателство. Сето друго е научна фантасика, повеѓе фантастика оттколку наука. Секако дека ќе има врски од овој вид, што ќе ме демантира, но статистички гледано, ова е речиси неподнослива врска, освен ако немаат некакви кармиѝки раздолжувања еден кон друг.

ЛАВ-ВОДОЛИЈА
Како да се допрее една Лавица која е насо~ена кон себе, зна~и егоцентри~на и еден развеан Водолеец кој се распродава на другите, помагај}и агитирај}и и ре{ава}и ги проблемите на другите. Да спротивностите }е се привле`ат само на физи~ки сексуален план ама и тоа нема долго да трае.

ЛАВ-РИБИ
Многу лабава и љубовничка врска која ниту на едниот ниту на другиот не му прави обврски. Но за нешто поопстојно, некакво заедништво, тешко ќе стане збор. Од друга страна ако Лавицата е подготвена секогаш да се грижи за својата Риби, значи дека има доста мазохизам во себе и ѓе биде повредена кога-тогаш.

ЛАВ-ОВЕН
Овие две личности имаат слична енергија што може да ги зближи, но потребата за обожување, ласкање. Овенот никогаш нема да ја исполни ниту во приближна мерка. Ова  врска има мала, едвај да се нарече шанса за да опстои.

ЛАВ-БИК
Поради пари и материјални погодности оваа врска уште би можела и да потрае. Обратна комбинација е речиси невозможна, но оваа мо
же и да успее и тоа многу лесно, и ако успева овој пар е и многу богат, во материјална смисла на зборот.

ЛАВ-БЛИЗНАЦИ
Лавицата ќе е ужасната од одност на Близнаците кон низа за неа битни нешта, да речеме верноста, и со неговата леснотија на живеење. Но, и би збеснала кога тој би и се мајтапел со нејзината сериозност и достоинствен став. Врска која може да успее, бидејќи и двајцата ја сакаат акцијата, материјалните удобности и периодите на ленствување..

ЛАВ-РАК
Оваа комбинација не функционира, обратанта можеби. Но, на динамичната Лавица не и одговара млакиот Рак, кој освен тоа е и доста спор, претпазлив, има воспоставени навики, тертипи и по правило претерано е врзан за мајка му, иако тоа на прв поглед моѝеби и не изгледа така.


ДЕВИЦА

Таа рафинирана, отмена, елегантна, со ледена убавина, префинет ерос. Ако поради констелациите на планетите таа ероткса црта е поизразена  оваа жена  може да заведе секого. Има високи критериуми за мажите. Знак кој статистички има најголем број на стари моми, токму поради избирливоста, но и поради неодлучноста.

Тој е интелектуален тип, во најдобрата варијанта зборува неколку јазика, беспрекорно облечен, со широки познавања, строго класично образование. Сака мали возбуди, ништо претерано, во принцип сексот не го интересира посебно, а и од него сака да направи совршенство. Во тоа совршенство има многу малку место за чувства.

ТАА-ТОЈ

ДЕВИЦА-ДЕВИЦА
Речиси совршена врска бидејќи ги врзуваат многу заеднички работи, си ги читаат мислите еден со друг, постојано нешто работата, интелектуално се стимулираат, нема непотребно губење на енерија и страсти.

ДЕВИЦА-ТЕРЕЗИЈА
И оваа врска, поради менталните капацитети и на Девизата и на Терезијата може да биде исклучително успешна. И двајцата се формалисти, па се додека е запазена формата, за нив ќе биде запазаена е и суштината.

ДЕВИЦА-СКОРПИЈА
Малку чудна комбинација, но земјата ја обликува водата, па така и Девицата со својта рационалност но и префинетост и префекционизам многу лесно може да го култивира Скорпионот, а овој пак да вдахне малку повеќе страсти и еротика во нејзиниот живот. Прашање е само дали тоа ѓе биде прифатено. Ако е одлична врска., но ако не е  е тотална катастрофа.

ДЕВИЦА-СТРЕЛЕЦ
Ова е идеална врска ако Стрелецот ретко навраќа дома. Во сите други варијанти ова е речиси неподнослива врска, бидејќи ниту на Стрелецот му се допаѓа срамежливата Девица, ниту пак неа и се допажа вулгарно директниот Стрелец. Можна е сексуална врска но ништо повеќе од тоа, иако секако постојат и бракови со оваа комбинација, не посебо среќни.

ДЕВИЦА-ЈАРЕЦ
Ако двајцата пледираат на сури реализам, практичност и конзервативизам во сите области ова моѝе да биде и идеална врска. Инаку, ако се очекува нешто поинакво ова е згодна врска  за ибегнување. Можни се пријателства во оваа комбинација, ама деловни и профеисонални.

ДЕВИЦА-ВОДОЛИЈА
Оваа врска е можна само ако е духовна, платонска, а секаков друг облик на дружење ќе ги збуни припаданиците на овие знаци. Вообичаено збунети луѓе прават глупости, а таква можност е љубобвната комбинацијата на овие два знака. Моѝе да се продушкаат но ништо повеќе од тоа

ДЕВИЦА-РИБИ
Оваа врска зависи од госпоѓицата Девица и од нејзинта мотивација да ја доведе во ред помалку смотајлата Риби, со својата аналитичност, прецизност, и рационалност. Инаку нема баш некакви големи услови за оваа врска, се работи за две сосем спротивни личности

ДЕВИЦА-ОВЕН
За оваа комбинација би требало да се исцеди и последната капка пот од напор таа да успее, а како врската не е робија и диринчење разбирате дека ова комбинација е прилично деликатна и скоро невозможна.

ДЕВИЦА-БИК
Можеби спориот Бик ќе ја нервира брзата и динамична Девица, но од друга страна ќе го неутрализира нејзиниот постојан  страв од сиромаштија и немање со многу имање, би се рекло дури и безобразно имање, бидејќи е познато дека Биковите сакаат да пластат имот и пари. Да се има. И врскава може многу лесно да ја има.

ДЕВИЦА-БЛИЗНАЦИ
Ова е комбинација на два ума и тука нема место за чувства кои треба да се бараат со гајгер-милеров бројач за да се почувствуваат. Кога е умот во игра, едниот е динамичен другиот практичен, врска која може и некако да успее ама на куси патеки.

ДЕВИЦА-РАК
Убав привлечен спој во кој практиќната Девица ќе научи што е тоа пожртвуваност и романтика а нежниот Рак ќе добие малку повеќе самодоверба. Ќе се штитат еден со друг, ако Ракот не трча за сенешто да ја прашува мајка си за совет

ДЕВИЦА-ЛАВ
Ваквата комбинација е речиси идеална но, не и обратната кога машкото би било Девица. На заповеднички настроениот Лав му одговара еден извршител како што е Девицата. Обожувањето на Девицата ќе направи Лавот навистина да се чувствува како крал. И тоа великодушен крал.


ТЕРЕЗИЈА

Таа во најголем број на случаи е исклучително убава, шармантна со правилни црти на лицето. Љубовта е смисолот на нејзиниот живот и таа и се препушта лесно , но има неверојатни критериуми за мажите. Идеалист е и бара таков идеален партнер. Најчесто не го наоѓа.

Тој е отмен, има став и држење кои ја потенцираат неговата машкост и  привлечност која е неодолива за повеќето жени. Сјаен интелект кој, во името на убавината, а под тоа подразбира уметност, љубов но и пари, може понекогаш и да затаи, па поради тоа диоста грешки во живпотот

ТАА-ТОЈ

ТЕРЕЗИЈА-ТЕРЕЗИЈА
Малку поспана врска во која партнерите }е се трудат да ги избегнуваат сите расправии и кавги. Исклучително посветуваат многу време на чувствата на другиот. Помалку досадна естетизирана врска и однос. Премногу идеално за да биде реално.

ТЕРЕЗИЈА-СКОРПИЈА
Прилично терсене комбинација во која машкиот Скорпион може да дојде до самиот раб на нервните капацитети поради љубомора и тоа најчесто не
основана. Комбинација која некого може да го разболи, во вистинска смисла на зборот.

ТЕРЕЗИЈА-СТРЕЛЕЦ
Идеална, скоро совршена комбинација, ако Терезијата е мудра а е. Ако на Стрелецот му стави околу врат златно ланче со генералии и обавезно адреса на нивниот заеднички дом, наместо тежок оков, оваа врска може да биде совршена. Токму поради лабавиот однос кон верноста и двајцата ќе бидат верни еден кон друг.

ТЕРЕЗИЈА-ЈАРЕЦ
Оваа врска никому не му носи добро и најблаго речено. Секој ќе добие комплекси и фрустрации, инхибиции. Најпаметно е воопшто и да не се обидуваат. Но моѝеби убаво наместените коски кај Јарецот ќе ја привлечат Терезијата, но тоа е веѓе повик на проблеми.

ТЕРЕЗИЈА-ВОДОЛИЈА
Ако Водолијата малку подзастане со своите хирови и ненадејни однесувања, ова може да биде многу благородна врска, со обострано сакање и почитување. Но проблемот е како да се застане. Инаку, моѝе да биде прилично комплициран однос.

ТЕРЕЗИЈА-РИБИ
И оваа врска е одлична на духовен и чувствен план, бидејќи ова се два знака на љубовта. Пред нешто позначајно, како брак на пример, мора да поминат доста време заедно како би се запознале што подобро. Взаемно надополнување е можно, иако овие два знака како да бегаат еден од друг

ТЕРЕЗИЈА-ОВЕН
Врска која обилува со еротика, страсти и нежности, доста секс. Несмасниот, Овен знае понекогаш да ја повреди нежната Терезија, но таа секогаш ќе му остане лојална. Тој тоа ќе знае да го цени, и ќе го покаже секогаш кога ќе и треба заштита од надворешниот свет

ТЕРЕЗИЈА-БИК
Оваа комбинација е супер можна, поради тоа што Терезијата сака да биде заштитена и материјално обезбедена, а Бикот ги има токму тие императиви. освен тоа и со двата знака владееВенера едната планета како синоним за љубовта, плодноста, убавината (Афродите) а другата на плодноста и изобилството.

ТЕРЕЗИЈА-БЛИЗНАЦИ
И ова е одлична комбинација, во која Близнакот може да научи што се тоа чувства и како се негуваат. Но, тоа не се страстни чувства, туку префинети нешта, кои многумина други знаци не ги препознаваат. Интелегенција иста и сродна, со многу инетереси и пасии.

ТЕРЕЗИЈА-РАК
Комбинација која треба да се избегнува како би немало унесреќени Терезии и Ракови. Едноставно два различни погледа и концепции на светот кои не одат ниту еден покрај друг а камо ли заедно. Комбинација која подразбира серилни односи и во која еден од друг ги мотивираат само темните страни.

ТЕРЕЗИЈА-ЛАВ
Успешна врска во која сите }е бидат среќни радосни и весели. Терезијата третирана како кралица, а таа како мило маче го гали и го воспева својот Лав. Таа среќна тој среќен. Идила невидена. Но Лавот не смее да фолира, а тоа го знае, бидејќи Терезијата секогаш ќе го прочита како селски буквар.

ТЕРЕЗИЈА-ДЕВИЦА
Со малку напор и оваа врска би успеала, ако и двата знака си го контролираат нагонот за критика и критизерство. Терезијата би научила нечто за практичноста а Девицата за чувствата. Инаку интелектуално се најумните знаци во хороскопот, без премногу его и суета интелектуално секогаш љубопитни.



СКОРПИЈА

Таа е доминантна, страстна жена со невообичен изглед, исклучително силна волја, магнетна привлечност на која малку мажи можат да и одолеат. Силната интуиција и познавањето на машката психологија  ја прави да биде вистински Терминатор на машки, додека не го најде својот пандан.

 Тој е силен, привлечен маж со силна волја  и огромна енергија која произлегува од чувствата, кои ги има за се што работи. Подобро да е пријател бидејќи како непријател е немилосрден. Како пријател лојален, се жртвува за пријателот. Неверен, но неверство не простува.

ТАА-ТОЈ

СКОРПИЈА-СКОРПИЈА
Подобро е до оваа врска да не дојде но, ако веќе доаѓа треба да се биде крајно поретпазлив бидејќи овие две вулкански природи никогаш не можат да бидат до крај заедно. После неминовниот раскин единственото можно чувство е омразата.

СКОРПИЈА-СТРЕЛЕЦ
Ова се две различни природи кои тешко дека можат да бидат подолго време заедно. Несериозноста може да ја збесне Скорпијата, а нејзината посесивност да го дистанцира Стрелецот кој и ја чувствува својата слабост во однос на Скорпијата. сексуално некомпактибилни

СКОРПИЈА-ЈАРЕЦ
Одлична и многу честа врска, во која нормално Скорпијата е доминантна и ја води играта. Јарецот ја обожува својата Скорпија, и верувале или не е благодарен заради нејзината доминантсност.

СКОРПИЈА-ВОДОЛИЈА
Ова е одлична но прилично ретка комбинација на различни карактери и животни перцепции но кои можат да се сакаат, да се почитуваат и надополнуваат. Стануваат најпрво пријатели, па потоа се друго. Но, потребно е нешто повеќе години и зрелост за успешност на врската

СКОРПИЈА-РИБИ
Скорпионска идеална врска, која освен тоа има и екстрасензорни елементи, бидејќи поврзувањето е толку силно што интуитивно се разбираат. емпатиски поврзани, не можат ниту да се разделат Во оваа врска едноставно мобилните им се одвишок.

СКОРПИЈА-ОВЕН
Ова е повеќе деловна врска или партнерство иако во најголем број  на случаи може да функционира и поинаку. Скорпиот е тој што смислува а реализатор е Овенот. Ако имаат и заедничка цел или бизнис, на среќата може да и нема крај.

СКОРПИЈА-БИК
Ова е исконска анимална привлечност и таа може да сруши подоста градби за да се исполни. Во Скорпијата и Бикот се еманира машко-женскиот принцип кој не може да не се еманира ако се најдат Скорпионот и Бикот во близина. Многу страсти, многу бури.

СКОРПИЈА-БЛИЗНАЦИ
Оваа комбинација успева само во оваа варијанта, ако женскиот дел е Скорпијата. Близнакот е напросто маѓепсан со оваа жена. Проблем е само колку ќе трае нејзиниот интерес  кон детското однесување на  Близнаците. Тој не моѝе да ибега моѝе да биде само оставен од неа.

СКОРПИЈА-РАК
Ова е уште една од совршените врски на Скорпијата. Ракот е благодарен да го води Скорпионот кој пак за возврат му дава сила и истрајност, Лојалноста е двосмерна , обожувањето взаемно. ракот е смирен, постојан во чусвтвата, економски исклучително рационален, што и одговара на Скорпијата.

СКОРПИЈА-ЛАВ
Оваа врска подобро да не се започнува бидејќи и двата знака се многу доминантни, егоцентрични, моќни така што тешко им е да се контролираат во своите основни пориви. Врска која треба нежно да се заобиколи, иако секогаш ќе се продушкаат.

СКОРПИЈА-ДЕВИЦА
Нема многу причини зошто ваквата врска не би функционирала и тоа поприлично добро и успешно. Секако основа е меѓусебното почитување од кое произлегува разбирањето и чувствата. Убав спој на ум и чувства

СКОРПИЈА-ТЕРЕЗИЈА
Скорпијата е премногу посесивна за да опстои подолго време кон овој шармер, а освен тоа и многу умен човек со невиден цинизам и сарказам, оружје кое го има и Скорпијата. Сцени, расправии, кавги и раскин е епилог на оваа комбинација, но за ѝал претставата моѝе да трае доста голем број години.
 


СТРЕЛЕЦ

Таа е племенита жена со огнен темперамент и многу страсти во себе, а притоа елегантна, со аристократска става, спокојство и мир. Не е некој синоним за верност, а тоа и не и треба бидејќи тешко се врзува. Ова е слободна и ослободена жена со многу пријателства успешна во сите области за кои ќе се одлучи.

Тој секогаш е насочен кон инината, образованието, науката сознанието.Никогаш кон тоа што било. Императив му е вистината, па и во љубовта. Сака со страст, силно но најчесто кратко. Има придорна тенденција да не се врзува. Спаѓа во редот на легендарните љубовници, иако можеби ова малку претерано .


ТАА-ТОЈ

СТРЕЛЕЦ-СТРЕЛЕЦ
Врска на емоции разбирање оптимизам и поставување на високи цели кои не можат да се остварат. Пречка во врската се ограничувањата кои можат, поради темпераментот, да си ги поставуваат, инаку одлична врска

СТРЕЛЕЦ-ЈАРЕЦ
Кратко и јасно ова е многу тешка и лоша комбинација . Иако сум имал прилика да сретнам и ваква комбинација, односот е доста компликуван да не речам лош. Комбинација која сериозно треба да се избегнува. Оптимизам и песимизам не одат никогш заедно.

СТРЕЛЕЦ-ВОДОЛИЈА
Ова е пред се духовна спојка во која спититуалноста и љубовта кон луѓето помагањето и разбирањето се мотивирачки и движечки сили. Со мала толеранција на своите индивидуалитети, оваа врска може да биде исклучително убава и успешна.

СТРЕЛЕЦ-РИБИ
Оваа врска е доста проблематчна и можно е да успее само ако меѓу партнерите има некоја мистична или спиритуална врска. Инаку овие две природи секако ќе се повредат на некоја кривина, а најчесто Рибите се тие кои стрдаат.

СТРЕЛЕЦ-ОВЕН
Ова е доста успешна комбинација. Едоставно Стрелката е стратег а тоа Овенот го почитува освен тоа многу е поинтуитивна од Овенот кој и како да не поседува интуиција, бидејќи не верува во неа, а Овенот е ненадминлив извршител, што пак Стрелецот многу го цени.

СТРЕЛЕЦ-БИК
Врска која може да отиде во апатија па и депресија. Слободарската Стрелка на која поимот верство неверство и е доста проблематичен може да го збесне традиционалниот Бик дури и во муабет на таа тема, а камо ли на дело. Заедница која е добро да се избегнува, ако воопШгто моѝе да дојде до заедница.

СТРЕЛЕЦ-БЛИЗНАЦИ
Врска која се темели на исклучителната еротска привленост на двата знака, динамичност во животот, подвижност и прилагодливост. Но, ако Близнакот инсиститра на својата рационалност а Стрелецот на својата слобода од оваа врска ќе останат само партали.

СТРЕЛЕЦ-РАК
Оваа врска е за пријателски односи навистина добра и само овој однос дава надеж во можноста за пријателство меѓу различни полови, без сексуална конотација. Сето останато и вистинско фијаско,

СТРЕЛЕЦ-ЛАВ
Одлична огнена комбинација, и ако е за нешто убаво нив никогаш нема да им биде досадно. Стрелката која е поголем ерудит и филозоф од Лавот ќе ја задоволи неговата потреба за восхит и ласкање но само ако направил достојни дела за тоа.

СТРЕЛЕЦ-ДЕВИЦА
Ова може да биде само еротска врска  која нема да трае долго. Но повеќе од ова е навистина голем хазард во кој имате девеесет одсто шанси да се изгуби.

СТРЕЛЕЦ-ТЕРЕЗИЈА
Ако Господинот Терезија ја рабере потребата на Стрелката за индивидуални слободи и наместо оков околу вратот и подари едно прекрасно залтно ланче врската има тенденција на идеална. Всушнот таквите подароците треба да бидат взаемни.

СТРЕЛЕЦ-СКОРПИЈА
Убаво е да се пријатели но ништо пове}е од тоа оваа комбинација не функционира во ниту една комбинација. Врската може да биде еруптиван, страсна и полна со драматика. Краток динамичен секс и ништо повеќе
 


ЈАРЕЦ

Таа  е отворена со јасен поглед, сака забава и друеwе, но е и прагматична и рационална, и скоро никогаш не губи глава, не бара помош од никого, чувствата за нејзе се брак, кон кого има идолатриски побожен однос.

Тој е практичен, снаодлив, планер, може да издржи се или речиси се, има проблем најчесто во искажувањето на чувствата, па затоа делува нечуствително што не е вистина. Ги сака жените, не признава заљубеност, тиранин и деспот во љубовта, авантурите ги крие како змијата нозете.

ТАА-ТОЈ

ЈАРЕЦ-ЈАРЕЦ
Секако реалистична цврста и комбинација која ветува постојаност и трајност. Иако навидум слишни по барањата гопоѓицата Јарец е далеку постраствена од нејзиниот машки пандан. проблемот е во критичноста која ниту едниот ниту другиот неможат да ја поднесат.

ЈАРЕЦ-ВОДОЛИЈА
Оваа врска е тешак и за воспоставување и уште потешка за одржување, бидејќи се работи за сосема два различни карактера. Со еден збор убаво би било да се заборави постоењето на можност за некаков ваков спој.

ЈАРЕЦ-РИБИ
Врска која најчто успева токму поради различитоста на карактерите. Таа секогаш ќе биде силен мотив и подршка тој да успее, но би требало да се внимава да не се посомнева дека е искористена.

ЈАРЕЦ-ОВЕН
Можна но не и среќна комбинација. И двата знака се прилично саможиви и егоистички настроени а, во оваа комбинација, овие својства можат само да се зајакнат. Врска која никако не се препорачува, освен ако се немаат садо-мазо особености.

ЈАРЕЦ-БИК
Ова е уште една од посакуваните комбинации на два знака кои секој од своја гледна точка тежнее кон сигурноста и остварувањето на своите его пориви во материјалната сфера. И едниот и другиот уживаат во материјалните добра и секс.

ЈАРЕЦ-БЛИЗНАЦИ
Оваа врска никому не му носи добро, ниту на Јарецот ниту на Близнаците. Толку различни карактери можат меѓусебно да се полудат. Како не би дошло до тоа дереџе подобро да се избегнуваат ваквите врски. Иако Близнакот може да биде приблешен од убаво наместените коски на Јарецот.

ЈАРЕЦ-РАК
Ова не е баш најсреќна комбинација, подобра е онаа инаквата. Зато оваа, исто така, би требало да се избегнува, бидејќи рационалниот момент на Јарецот е пресилен за чувствителниот и романтичен Рак

ЈАРЕЦ-ЛАВ
Ова е уште една одлична врска , ама никако сентиментална туку пријателска. Но, како се работи за два различни пола, Лавот секако ќе се обиде да ја заведе жената Јарец и ќе се изненади од количеството на страсти која таа го поседува. Но на подолги патеки страсти бргу ќе спласнат. Ако се има взаемна почит може и да успеее

ЈАРЕЦ-ДЕВИЦА
Ако се поскаува практична реалистична врска во која нема многу страсти да не речам ги нема ич, тогаш оваа врска може и да функционира иако ќе е монотона, апатична и неинспиративна или со други зборови, моѝе и одлично да функционира ако се пронајдат заеднички интереси

ЈАРЕЦ-ТЕРЕЗИЈА
Овие два знака по ништо не се согласуваат, антагонистички се расположени и во зодијачкиот круг и зошто би биле и во реалниот живот поинаку. Иако секако постојат вакви комбинации лично сум ги сретна исклушително ретко. Ми изгледале како два странца во желесничка чекалница.

ЈАРЕЦ-СКОРПИЈА
Ова е една од почестите комбинации и може да биде мотивирачка и инспиративна. Јарецот подоста ќе научи за страстите и љубовта од Скорпијата, а таа пак за реалноста, посебно за реалноста на планирањето, и постапноста на реализацијата

ЈАРЕЦ-СТРЕЛЕЦ
Никако не ја бива оваа комбинација и да е обратна работата. Ова во зодијакот е една од најнепосакуваните врски и секако треба да се избегнува. Едноставно премногу се работите со преднзак ,,не,, оттколку оние другите.



  ВОДОЛИЈА

Таа е ведра, весела и радосна, секогаш љубопитна, голем идеалист, и силен огнен темперамент, кој може ненадејно да еруптира и исто така да се смири. Бара докази на љубовта и сакањето преку жртвувања, а кога тоа ќе го добие станува најдобрата сопруга од целиот Зодијак

Тој  е пријатен весел, забавен идеалист кој верува во луѓето нивниот напредок и еманципација. Луд е по забави, парите никогаш ништо посебно не му значат, а вообичаено ги имаат и одповеќе. Надреалиста по придора, нежен сопруг и добар љубовник, поголемиот дел од обврските си ги презема на себе.

ТАА-ТОЈ

ВОДОЛИЈА-ВОДОЛИЈА
Бидејќи и двата карактера се со слични непредвидливи реакции оваа комбинација е чудна па може да биде или совршена или да е вистинска катастрофа.

ВОДОЛИЈА-РИБИ
Нема некакви големи услови оваа врска да преживее па поради различноста на карактерите и количствата на чувства, потребно е да се избегнува. Впрочем и да направт некаков обид не ќе моѝат да се пронајдат поради различните интереси и обврски кои си ги создаваат.

ВОДОЛИЈА-ОВЕН
Оваа врска е без големо опуштање и некаков си мир. Водолијата постојано ќе измислува проекти а Овенот ќе ги реализира, но нестрпливиот Овен ќе предизвикува расправии и нервози.

ВОДОЛИЈА-БИК
Материјата и духот се лице и опачина на една иста работа, само што тие сеуште никогаш не оделе заедно. Таков би бил и односот на Водолијата и Бикот. Двата знака тврдоглави до немајкаде и ретко кој попушта. Мишан инпосибл.

ВОДОЛИЈА-БЛИЗНАЦИ
Ова е прексрана и дополнувачка вибрација која взаемно одговара и на едниот и на другиот знак. Можеби има нешто повеќе рацио во целата работа но се додека е забавно не пречи. Овие двајца се доволно откачени да им биде исклучително забавно.

ВОДОЛИЈА-РАК
Оваа врска на почетокот може да и се допадне на Водолијата, но набрзо }е и стане прилично лигава, поради обидите на чувствениот Рак да ја ограничи нејзинат слобода со емоции и љубовни изблици и провокации. Непромислена врска, во која некој секако ќе биде повреден.

ВОДОЛИЈА-ЛАВ
Ова е доста нестабилна врска поради посесивноста на лавот и слободарскиот дух на Водолијата. Иако многу се привлекуваат посебно на сексуален план, можат да си нанесат и доста болка.

ВОДОЛИЈА-ДЕВИЦА
Дури таа се обидува да го поправи светот, тој ќе се обиде да ја поправи неа и тука ќе биде крај на врската. Можат сепак да бидат добри пријатели, но љубовници скоро никако. Реков скоро.

ВОДОЛИЈА-ТЕРЕЗИЈА
Овие два знака сакаат да експриментираат посебно во љубовта и сексот, па ова може да биде навистина посебно врска на личности кои имаат доста за спој и малку за разделба освен ако не се во некој компетициски манир.

ВОДОЛИЈА-СКОРПИЈА
Некој од овие двајца не попушта ниту за цола од своите ставови. Од друга страна Скорпија има големи сексуални апетити а Водолијата и не толку, што ќе е доста голем проблем, и моѝност за взаемни префрлања. Уништувачка врска

ВОДОЛИЈА-СТРЕЛЕЦ
Комбинација која може да отиде во крајност бидејќи и двата знака се посебни индивидуалци. Стрелецот сака силно но најчесто кратко, а додека таа профункционира во врската тој можеби веќе се заинтересирал за некоја друга.
 
ВОДОЛИЈА-ЈАРЕЦ
Оваа врска е губитнички хазард, а тој не се препорачува на никого. Имаат толку различни интереси и концепции да е прашање како можеле и да се запознаат. Можеби само со подводаџии.



РИБИ

Таа е е една од најубавите жени во зодијакот, заедно со Терезијата, мистична моќна изразито сензуална и еротизирана. Интуитивна, сензитивна, мистериозна, ретко кој може да и одолее. Нејзината природа ја води во доста врски, а верноста им е речиси непознат збор во речникот.

Тој е многу помалку привлечен отколку таа, но и тој е сензитивен чувствителен, емпатиски настроен со брзи промени на чувства. Може да е страшен заводник но сексуалните апетити не се толку големи како кај женскиот дел од знакот. Некогаш се исклучително крупни и високи

ТАА-ТОЈ

РИБИ-РИБИ
Од практична гледан точка оваа комбинација најдобро е да не постои бидејќи овие двајца немаат баш нешто многу контакти со материјалниот свет. Но, ако имаат ресурси да не мораат да размислуваат за егзистенцијални прашања, ова моѝе да е и идеална врска.

РИБИ-ОВЕН
Овенот ќе доминира во оваа врска и тоа ќе ги задоволи неговите его пориви да биде моќен јак и доминантен. Оваа врска може да потрае прилично време. Понекогаш и до златна свадба.

РИБИ-БИК
И оваа врска е доста сигурна бидејќи таа ќе биде задоволна од него поради материјалната сигурност, но во сексот тој може да биде доста несуптилен што и е, па брзо да и досади.Еднаш досадно наскоро таа ќе си побара замена.

РИБИ-БЛИЗНАЦИ
Оваа комбинација никако не оди и да е во поинаков распоред. Овие двајца можат да се спојат само ако има некое севишно замешателство, карма и слично. Инаку не би функционирале ниту на пусто острово.

РИБИ-РАК
Иако и двата знака се чувствителни полни со љубов и емоции, оваа врска е прилично нестабилан поради недостаток на волја таа да се зацврсти и фиксира. И тоа недостатокот не е поради неинтерес туку поради оскудната волја.

РИБИ-ЛАВ
Само посебно констелации во нивните натални хороскопи можат да ја направат оваа комбинација одржлива. Инаку Лавот ќе се обиде да доминира и да ограничува а тоа ќе е погубно за врската.

РИБИ-ДЕВИЦА
Аналитика наспроти мечта секако не се синоними кои би споиле, та така и овие два знака немаат баш нешто големи шанси да им успее врската. Напротив меѓу нив нема ниту еротска привлечност нешто особено, иако се слушуваат и чуда, признавам..

РИБИ-ТЕРЕЗИЈА
Кога се во врска двата експерта за чувство и љубов каква може да исходиштето на врската. Секако хармонично, радосно. Интересна комбинација. Проблелите настануваат кога финансиите не се како што треба, бидејѓи и двата знака се во аут по парите.

РИБИ-СКОРПИЈА
Ова е идеална врска на Рибите и тоа со огромен потенцијал бидејќи тука има доста и екстрасензорни способности и на едниот и на другиот.

РИБИ-СТРЕЛЕЦ
Ова е доста комплицирана и најчесто погубна врска која е подобро да се избегнува, освен во некои луди небески констелации во двата хороскопа. Страдаат најчесто Рибите.

РИБИ-ЈАРЕЦ
Цврстината и постојаноста на Јарецот може да ја привлече Рибите, но проблеми ќе дојдат кога и двајцата ќе паднат во депресии, меланхолии и на нив слични чусвтва на кои се наклонети.

РИБИ-ВОДОЛИЈА
Ова се два различни карактера и димензии. И двајцата како да зборуваат свахили толку можат да не се разбираат, и да имаат тотално различни перцепции за врската и чувствата. Збунувачка комбинација

 

Make your free website at Beep.com
 
The responsible person for the content of this web site is solely
the webmaster of this website, approachable via this form!