Астровизија

Бети и Александар Јанковиќ


 АСТРОВИЗИЈА

се емитува на ТВ Сонце

секој понеделник и среда од 19 часот

реприза сабота и недела во 16  часот

Тв Сонце се пренесува од сите кабелски оператори освен од Телекабел

кој ја пренесува само на дигиталните канали.

Можете да ја следите и преку интеренет на 

http://web.maxtv.mk/index.html

 



 

 

 

 

НА ОВАА СТРАНИЦА ПОДОЛУ СЕ ТЕКСТОВИТЕ:

 

 

НОВО

Како сакаат зодијачките знаци

 

 

 

 

 

THE PORTAL TO OMNIPOTENCE IS IN THE PRESENT MOMENT - “NOW”

ПОРТАЛОТ ДО БОЖЈАТА СЕМОЌНОСТ Е ВО СЕГАШНИОТ МИГ

ФИБОНАЧИ

ПОВРЗАНОСТ

 

 

 

        

THE PORTAL TO OMNIPOTENCE

IS IN THE PRESENT MOMENT - “NOW”

                                                                                            

                                                                                  By Beti Jankovic

 

We are one with God, the Divine Matrix, the Collective Consciousness, we are one with all, and we are not separated from the Whole in each and every moment. Whether we are conscious about the wholeness of the Universe, or we consider our self as separated individuals, is a matter of choice.

In each moment of life, we choose whether we are a host to God, or a hostage to our ego.

 

When we are totally trapped in the world of content, form (the three-dimensional world perceived by our five senses) by the continuous process of conditioned thinking, seeking happiness in the things that we accumulate through life, the deeper dimension that can free us from being bonded to the material world, does not exist for us. The identification of “I” is with form and this “I” exists in a basic state of dissatisfaction and unease. There is always a completion urge to add something more, a bigger house, a better relationship and the list has no ending. So we continually despise the present moment, we treat it as an obstacle and experience life as hostile.

The first step in the shift of consciousness is to recognize the suffering, because our mind is insane as there are deeply seated collective mind patterns, so insanity is not a personal problem. There are focal points of dysfunction in the world where lot of violence is present. Humans generate suffering for themselves and others unconsciously. It is liberating to recognize madness as madness.

If only we can pay equal attention to the thoughts (the words) and to the silence, a deeper dimension arises. Thus we become present, we inhabit the moment.  

 

The present moment is actually a portal out of the conditioned state.

In the present moment we can achieve freedom from the dependence of the external conditions.

 

It is habitual for the mind made self-egoistic entity to resist the present moment. As long as we regard forms as undesirable, as obstacles, whatever the form, it becomes a blockage. Whether we are sitting in a small, unpleasant room, or in the most luxurious suite, we can still be resisting the present moment by rejecting the form, for one reason, or another.

If we argue, if we resist the “is ness” of now, we suffer because the resisted form hits a barrier and gains density.

If we accept the “is ness” of the moment, no matter how limiting the form of this moment seems to be, instead of thinking about future expectations, instead of resisting internally through judgment, the form passes through us. It can no longer hit us.

When we accept the “is ness”, we are not dependent on others behavior.

 When we become open to the “is”, the form of this moment is no longer a limitation, an inner door opens and we sense the background peace – in the foreground whatever is happening, is happening. When the form of this moment is accepted, it becomes an opening – in opposition to the blocking when we argue.

The present moment can be our friend, or our enemy.

 

The form that looks like a limitation can be an opening to the formless.

 

If the form is extremely bad, it can bring us very deeply into formless if we accept it. The worst thing that happens, if accepted, becomes a doorway to the sacred dimension. Only then will we recognize others as our self.

The metaphor of the crucifixion of Jesus Christ on the cross is about the merge of torture and sacred ness through acceptance            .                                                                                                                                                                                            

 

 

 

ПОРТАЛОТ ДО БОЖЈАТА СЕМОЌНОСТ

Е ВО СЕГАШНИОТ МИГ

 

Од Бети Јанковиќ

(интерпретиран превод од англиската верзија)

 

 

 

 

Едно сме со Господ, со Божествениот Матрикс, со Колективната Свесност, едно сме со се и не сме сепарирани од Целоста во ниеден момент. Од нашата слободна волја зависи дали сме свесни за целоста на универзумот, или пак себе си се сметаме за одделени индувидуалитети.  

Во секој момент од животот избираме дали ќе бидеме домаќини на Господ, или ќе бидеме заложници на нашето его.

 

Кога сме целосно заробени во тро-димензионалниот свет осознавајќи го единствено преку нашите пет сетила и  преку континуираниот процес на условено размислување барајќи ја среќата во акумулацијата на добра, подлабоката димензија која што може да не ослободи од врзаноста за материјалниот свет, за нас останува скриена. Како последица на нашата лична идентификација со материјалните форми, ние егзистираме во базична состојба на незадоволство и неспокој. Постои вечно незадоволство, нескротлив порив за се поголеми поседувања; поголема куќа, подобра релација, а листата е бескрајна. Па така ние континуирано ја презираме сегашноста, ја третираме како пречка и се искусуваме себе си како заложници на сопствените животи.

 

Безумни сме заради длабоко вкоренетите колективни матрици на свеста, па оттаму менталните болести не се персонални проблеми и првиот чекор кој води кон промена на свесноста  би бил препознавање на состојбата на страдање. Постојат дисфункционални места на глобално ниво каде е присутна концентрација на насилство. Луѓето несвесно генерираат страдања за себе и за другите.

Препознавањето на општото лудило како такво е вистинско успешно откровение.  

Подлабоката вистина ќе ни се разоткрие кога ќе манифестираме подеднакво внимание  како кон мислите и зборовите, така и кон тишината.

Само така стануваме сегашност, само така го живееме сегашниот миг.

 

А сегашниот миг е всушност порталот низ кој се надминува условеното живеење. Во сегашниот миг можеме да се ослободиме од зависноста од надворешните услови.

 

За умно-условен егоистичен ентитет вообичаен е отпорот кон сегашниот миг. Се додека сме незадоволни со добрата од нашето најнепосредно опкружување, истите претставуваат наши преќки и не блокираат.

Без оглед дали живееме во мало неугледно сопче, или пак во најлуксузниот апартман на светот, ние секако даваме отпор кон сегашниот миг, неприфаќајќи го поради незадоволства од различни причини.

Кога  сегашноста според нашиот вредносен систем и мерила перцептивно  не ни е допадлива, ние не ја прифаќаме, даваме отпор и истиот станува се поголем и поголем, па така и нашето страдање станува се подлабоко и се поинтензивно.

Кога сегашноста ја прифаќаме, без оглед колку ограничувачка и безнадежна материјална форма таа може да има, во отсуство на  размислите за идни очекувања, во отсуство на  внатрешен отпор преку просудување, сегашноста ја доживуваме без страдања.

Кога сегашноста ја прифаќаме без отпор, престануваме да бидеме зависни од однесувањата на другите околу нас.

Кога сме со отворен ум, сегашниот миг престанува да претставува ограничување, па притоа  се отвора една внатрешна безвременска порта и ние сме почестени со длабок мир во заднината, наспроти вревата и кошмарот на фронталните случувања во материјалната форма на реалноста.  

Кога го прифаќаме сегашниот миг, тој станува отвор, портал.

Кога не го прифаќаме сегашниот миг, тој станува затвор, блокада.

Сегашниот миг може да ни биде пријател, или непријател.

Реалитетот  кој го доживуваме како ограничување, всушност е портал кон нематеријалноста. Колку се случувањата во материјална форма понепријатни и ако притоа истите без отпор ги прифатиме, толку подлабоко навлегуваме во нематеријалната, света димензија.

Само тогаш себе си ќе се препознаеме во другите.

 

 

 

 

 


 

ФИБОНАЧИ


  Леонардо Фибоначи, е италијански калуѓер математичар од 12 век, кој ја поставил равенката за алгоритамот на животот, иако во моментот на откривањето тоа и не озгледало баш така. Набљудувај}и ги најпрво растенијата, заклучил дека тие се развиваат од семето според зададен редослед, шема и тоа сите подеднакво, без отстапки. Набрзо ја поставил секвенцата т.е. алгоритамот кој гласи 0,1,1,2,3,5,8,13,21,34,55,89,144... едноставна низа на броеви во која секој следен е збир на претходните два броја

За да стане појасно, погледнете ги убаво двете фотографии подоле на невенот (компјутерска шема) и ке забележите дека во обележаните секвенци од страна на едната се појавуваат стебленцата точно по распоредот на фибоначиевата низа, а на другата ќе забележите дека и листовите растат по истиот рапоред

                                        

         

Оваа низа може да се претстави и на геометриски начин и тоа како сто е прикажано подоле, како и добивањето на фибоначиевата спирала:

     

секако дека таа ке ја препознаете во низа форми и облици од животот

     

Ако пак од четиринаесетата секвенца се подели секој број со претходниот од низата се добива златниот број или бројот 1,618 бројот Фи во честа на Фибоначи, со помош на кој природата е најголемиот уметник кој постои и се што е убаво е во однос 1:1,618, и тоа од најситниот дел ан човековото тело до најголемите објеки во вселената:

                                                           

Се надевам дека оваа мала презентација ве заинтригира и дека сакате уште информации за оваа тема која ја познава уште и санскритот но бидете убави и добри па посетете го и овој сајт

                               http://www.maths.surrey.ac.uk/hosted-sites/R.Knott/Fibonacci/fibnat.html#golden

но погледнете ги и двата клипа, посебно оние кои за прв пат се сретнуваат со оваа тема. Сега знаете дека во низата на нештата е содржано се, и времето и просторот и случувањата. Сега знаете зошто среќата како концепт не постои

 

 

 

 

ПОВРЗАНОСТ

Идејата дека ние луѓето сме поврзани сите заедно меѓу себе и со целата природа во смисла и со животните и со растенијата, а преку планетата Земја и со целиот универзум, е стара неколку илјади години, ако сакате и десетици илјади години, иако некој ќе го спори  ова.                                                                   

 

Како и да е поврзаноста меѓу нас луѓето, денес е рудиментирана, алиенирана, бидејќи, иако ја добиваме со раѓањето, набргу ја губиме, следејќи го матричкиот код и програмскиот софтвер на нашите најголеми програмери - родителите, а кој софтвер не упатува на верба и верувањата да се следи само она што се осознава со нашите прилично рудементирани  сетила.

 

Приказната која следи е само една во низата од многуте кои го потврдуваат сознанието дека од раѓање сме поврзани со се околу нас а највеќе со луѓето.

 

Брил и Кери се близначки родени на 17 октомври 1995 година во Ворчестер, Масачусетс, САД. Проблемот е што се родени 7 недели пред терминот, и во болницата во која се родени (The Medical Center of Central Massachusetts) стандардна процедура е бебињата вака родени да се сместат во одделни инкубатори, поради превенција од можни инфекции.

Кери, поголемата и потешката од близначките, родена со тежина од два пол килограми се однесувала нормално и го прeспала целиот ден, а била во нормална кондиција и понатаму, додека помалечката Брил родена со едвај два килограми имала проблеми со дишењето, со работата на срцето...

На 12 ноември Брил била во многу тешка и наскоро критична ситуација, поради недостиг на кислород во крвта, проблеми со дишењето, а поради неправилната работа на срцето и недостиг на кислород во крвта започнала и да помодрува. На сето, дополнително се појавила и икавица која не можела да се смири и која дополнително го оптоварувала нејзиното срцето. На нејзините родителите Хајди и Пол Џексон, веќе им било наговестено дека е можен и најлошиот исход.

Медицинската сестра Гејл Каспаријан, правела натчовечки усилби да ја стабилизира Брил, со сите можни средства и апарати за реанимација, но кога ништо од тоа веќе не успевало, без некоја видна причина, повод или мотив, спротивно на клиничките правила и прописи ја преместила Брил во инкубаторот кај сестра и Кери. По една минута, само по една минута, Кери ја гушнала сестра си, за да наскоро (по неколку минути) престанат апсолутно сите тегоби на Брил. Благодарение на медицинската сестра, ја имаме и серија на фотографии од оваа поврзаност, за која надолго и нашироко се пишуваше во светото во 1995 и 96. Оттогаш натаму има серија на вакви сведочења за емпатиска поврзаност, но докажано, не само кај близнаците

Поврзаноста не е само привилегија на близнаците иако кај нив природно е најсилна. Тие само најдиректно ја манифеститраат способноста на СИТЕ луѓе да бидат конектирани едни со други, но само преку чуства каква што е емпатија, сочуството и сомилоста, со кои се раѓаме.


You are visitor no.

Free website powered by Beep.com
 
The responsible person for the content of this web site is solely
the webmaster of this website, approachable via this form!